Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Повеќето Австријци се против членство на Австрија во НАТО

Кога денес би се одржал референдум во Австрија за членство на земјата во НАТО, дека шест од десет Австријци би се спротивставиле, а двајца од десет би биле за членство, покажува неодамнешното истражување на Австриското друштво за европска политика (ÖGfE).

Се поочигледно станува дека мнозинство Австријци се за поинтензивна безбедносна политика на ЕУ, но го отфрлаат пристапувањето во НАТО. Во однос на членството во ЕУ, пак, 68 отсто од испитаниците се изјасниле позитивно.

Истражувањето на ОГФЕ било спроведено кај 1.000 испитаници од 11 до 13 април.

„Скептицизмот и неизвесноста се зголемуваат, но фундаменталната поддршка за членство во ЕУ е несомнена во Австрија, особено во време на криза. Народот, исто така, вели „да“ за посилна европска соработка во безбедноста и одбраната, но членството во НАТО решително се одбива “, истакна генералниот секретар на ОГФЕ, Пол Шмит.

Во изминатите три години, ставот по прашањето за членстви во НАТО во Австрија остана повеќе или помалку конзистентен, без оглед на рускиот напад врз Украина.

Според истото истражување, двајца од тројца испитаници се залагаат за интензивирање на соработката меѓу земјите-членки на ЕУ по прашањата на безбедносната и одбранбената политика, додека 20% се против идејата, а 13% не изразиле мислење за ова прашање.

Околу половина од испитаниците сметаат дека е „многу важно“ или „прилично важно“ ЕУ и нејзините земји-членки да продолжат да ја поддржуваат Украина во нејзината борба против рускиот напад.

„Во секој случај, членството во ЕУ не се гледа како нарушување на неутралноста, а фундаментално се заговара посилна, понезависна Европа во светот “, вели Шмит.

Претходно во февруари, во Австрија повторно се разгоре дебата за неутралноста на земјата откако деведесет експерти и јавни личности во отворено писмо повикаа на пренасочување на австриската безбедносна политика, критикувајќи дека нацијата останува надвор од воените конфликти една година по руската инвазија на Украина.

Во писмото, сегашниот австриски став за безбедноста и нејзините уставни одредби се нарекуваат застарени.

Можеби ќе ве интересира…

Ковачевски-Шолц: Германија ја повтори силната поддршка за интеграцијата во ЕУ

На Самитот на Европската политичка заедница во Молдавија, премиерот Димитар Ковачевски се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц, кој ја повторил силната поддршка на Германија за интеграцијата на Северна Македонија… Прочитај повеќе

Судскиот Совет ќе расправа по индиции за судир на интереси во работата на Весна Дамева

Зоран БОЈАРОВСКИ Весна Дамева, член на Судскиот Совет и претседателка на ова тело од декември минатата година до 26 април годинава, кога беше разрешена од оваа должност, учествувала во постапки… Прочитај повеќе

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за основање, се одржа конститутивна седница на која се формираше Националната асоцијација на туроператори и туристички агенции на Република… Повеќе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход,… Повеќе