5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Министерство за внатрешни работи на Србија
СВЕТТОП ВЕСТИ

Момчето убиец во болница, таткото во затвор, Србија тагува по убиените деца и чуварот

14-годишниот Коста Кечмановиќ, ученик во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар вчера уби осум ученици од тоа училиште и чуварот Драган Влаховиќ. Момчето повреди шест деца и наставничката по историја, во чиј клас упадна. Бидејќи се уште немало 14 години, момчето убиец не одговара кривично, а според најавите ќе биде сместено на специјално одделение за невропсихијатрија. Вчера бил приведен таткото на момчето, угледен лекар, чии пиштоли ги зел Коста.

Мајката на еден од учениците од училиштето во Врачар кој го преживеа пукањето за медиумите раскажа за трауматичното искуство на нејзиниот син.

„Мојот син беше во свечената сала на фотографирање и класот се враќаше во училницата во моментот кога почна пукањето. Ми кажа како сите мислеле дека некој фрлил петарди. Влегоа во училницата но, како што сè уште слушаа звуци, неколку од нив излегоа надвор од училницата да видат што се случува“, вели мајката.

Таа раскажува дека во тој момент еден од наставниците истрчал кон учениците и им рекол да почнат да бегаат.

„Настанала општа гужва. Мојот син ми раскажа како видел крваво момче во ходникот како ја повикува својата помала сестра. Децата некако успеаја да излезат во дворот, сите бевме уплашени до смрт додека неси ги земавме децата“, сведочи мајката која се уште не може да се опорави од шокот.

Директорот на Клиничкиот центар на Србија, Милика Ашанин изјави дека сите четворица пациенти во Ургентниот центар се стабилни, како и на интензивна нега.

Како што пренесоа срспките медиуми, според изјавата на началникот на полициската управа за град Белград, Веселин Милиќ Коста Кечмановиќ, кој го изврши нападот, тоа го направил затоа што бил исфрлен од општеството.

Спонзорирано: