Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Уганда воведува смртна казна за „отежната хомосексуалност“

Парламентот на Уганда усвои нова верзија на законот против ЛГБТ заедницата, со која беше отстранет делот што го прави кривично дело прогласувањето на некого за припадност на таа заедница, но ја заостри казната за практикување хомосексуалност.

Претседателот Јовери Мусевни минатиот месец го испрати предлог-законот во Парламентот, барајќи промени што ќе прават разлика помеѓу луѓето кои се декларираат како ЛГБТ и всушност се впуштаат во хомосексуални односи.

Хомосексуалноста е веќе нелегална во таа земја и таквите врски се карактеризираат како спротивставување на „природниот поредок“. Казната за тоа е доживотен затвор. Новиот закон пропишува смртна казна за „отежната хомосексуалност“, која според законот се сексуални односи со лица заразени со ХИВ, како и малолетници и други категории на ранливи лица.

Според законот, осомничениот за „тешка хомосексуалност“ може да биде осуден на 14 години затвор, а кривичното дело „обид за хомосексуалност“ е казниво до 10 години. Иако законот повеќе не ги криминализира оние кои се идентификуваат како ЛГБТ, се предлагаат затворски казни до 20 години за оние кои се залагаат или промовираат ЛГБТ права. Предлог-законот што го изгласаа пратениците ќе му биде вратен на Мусевени, кој може да го потпише или да стави вето.

Мусевени е под притисок од меѓународната заедница да стави вето на законот. Група експерти на Обединетите нации го опишаа нацрт-законот што претходно го усвоија пратениците како „безобразно кршење на човековите права“.

Можеби ќе ве интересира…

Не можете да заспиете? – Овие 6 работи мора да ги направите 30 минути пред спиење

Mртви сте уморни и едвај чекате да одите во кревет. Но, мозокот не мирува и мислите ви поминуваат низ главата… Се разбира, во тој случај нема шанси да заспиете. За… Прочитај повеќе

15 знаци дека на некој навистина му се допаѓате, веднаш штом ќе го запознаете

Сите можеме да се чувствуваме несигурни кога започнуваме нови врски, прашувајќи се дали некој навистина нè сака. Никој од нас не чита мисли, но нашето однесување може да даде прилично… Прочитај повеќе

Повеќе од 40 претставени брендови на Саемот за транспорт од 07ми до 09ти јуни

Бизнис светот е синергија на упорност, визија, партнерство, но и квалитетни услуги и производи. Токму тоа е премисата на претстојниот Саем за транспорт 2023, на којшто ќе се претстават повеќе… Повеќе

Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога ќе дојде ред за купување попустот го нема или важи само за производ кој го нема на залиха

И покрај носењето на измените на законот за заштита на потрошувачите, забележано е присуство на маркетинг промоции на компании за технологија и облека кое според граѓаните е манипулативно. Слично се… Повеќе