Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Охрабрувачки вести -Нови информации од Клиничкиот центар на Србија за повредените во училиштето

Милика Ашанин, директор на Универзитетскиот клинички центар на Србија изјави дека се завршени трите операции на четворицата повредени, од кои тројца ученици и наставник, во пукањето во ОУ „Владислав Рибникар“ и дека состојбата во однос на пред неколку часа е охрабрувачка.

„Во операционата сала имаше четворица пациенти. На тројца од нив им е завршена операцијата. Тие сега се на одделенијата за интензивна нега. Двајцата се целосно будни, додека учителката постепено се буди. Во моментов сите се во стабилна состојба“, изјави Ашанин за РТС.

Според него, најтешка е состојбата кај пациентот, кој од приемот бил во сложена, лоша општа состојба, со повреди на градниот кош, вратот и кичмата.

„Во неговото лекување беа вклучени лекари од различни специјалности, васкуларни хирурзи, општи хирурзи, ортопеди и мислам дека ќе оди во вистинска насока“ ,изјави тој.

Како што додаде, пациентите излегуваат од витална опасност.

Зборувајќи за состојбата на тешко повреденото девојче кое беше оперирано а во чија операција учествуваа неврохирурзи од УКЦС, Ашанин вели:

„Нашите неврохирурзи ја оперираа таа ученичка, а тоа беше прострелна рана во главата. Ќе видиме што ќе се случи, лекарите направија се што е можно“.

Тој изјави дека денеска сите здравствени служби одлично си ја завршиле работата, а во УКЦС имало доволно единици крв.

Можеби ќе ве интересира…

Ковачевски: Не постои подобар предлог од овој кој го имаме, имаме поддршка за следните чекори и за реформи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во интервју за Канал 5 говореше за важноста на реформскиот процес во земјата, за членство во ЕУ. Ковачевски посочи дека меѓународната… Прочитај повеќе

Османи од Братислава во Осло на НАТО министерски состанок

Од Братислава каде учествуваше на Глобсек 2023, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, патува за Осло каде ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на… Прочитај повеќе

Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда од МТЕЛ

Уживајте опуштено во долги телефонски разговори или во повеќе интернет со новата промотивна понуда на дополнителни припејд тарифи од МТЕЛ. Изберете помеѓу xtraTALK M со вклучени неограничени минути и СМС… Повеќе

АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ Скопје и внатрешноста на Македонија

Цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Напумпаните цени на становите во Скопје и внатрешноста се очекува да паднат, пред се поради намалената побарувачка, но и поевтинувањето на… Повеќе