Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Средба Курти-Вучиќ во Брисел: Усвоена декларација за исчезнатите лица

Претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти започнаа нова рунда дијалог на највисоко политичко ниво под покровителство на Европската унија (ЕУ).

Веднаш на почетокот на средбата беше усвоена декларација за исчезнатите лица, пренесуваат српските медиуми.

Како што беше претходно објаснето во Брисел, текстот на декларацијата е веќе договорен и само се чека формално усвојување на највисоко политичко ниво.

На Косово, според написите во медиумите од регионот, се уште се трага по повеќе од 1.600 лица.

Втората тема на средбата се однесува на процесот на формирање Заедница на општини со српско мнозинство на Косово.

Ова е прва средба на лидерите по средбата во Охрид на која на 18 март го договорија анексот за имплементација на договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија. На средбата во Брисел одржана на 27 февруари тие го договорија текстот на договорот.

За разлика од претходните средби, според написите, овој пат домаќините на средбата, шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, не остварија одвоени средби со делегациите, туку директно отидоа на т.н. трилатерален состанок.

Можеби ќе ве интересира…

Ковачевски: Не постои подобар предлог од овој кој го имаме, имаме поддршка за следните чекори и за реформи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во интервју за Канал 5 говореше за важноста на реформскиот процес во земјата, за членство во ЕУ. Ковачевски посочи дека меѓународната… Прочитај повеќе

Османи од Братислава во Осло на НАТО министерски состанок

Од Братислава каде учествуваше на Глобсек 2023, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, патува за Осло каде ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на… Прочитај повеќе

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град и внатрешноста на Македонија велат познавачите. Цените кои беа напумпани на становите во Скопје и внатрешноста се очекува… Повеќе

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за… Повеќе