20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Вознемирувачко видео) Во стампедо во Јемен загинаа над 85 луѓе: несреќата настанала додека се делела финансиска помош

Најмалку 85 лица загинаа, а повеќе од 300 се повредени во стампедо во главниот град на Јемен, Сана, за време на настан за делење финансиска помош. Стампедото се случило во стариот дел на градот, каде стотина луѓе се собрале да добијат помош што ја делат трговците, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Портпаролот на министерството за катастрофата ја обвини случајната распределба на средства без координација со локалните власти.

Трагедијата што ја погоди најсиромашната земја на Арапскиот Полуостров се случи неколку дена пред муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, кој го означува крајот на светиот месец Рамазан.

Очевидци рекоа дека вооружените Хути пукале во воздух во обид да ја контролираат толпата, очигледно удирајќи во електрична жица предизвикале експлозија. Ова предизвика паника и луѓето почнаа да бегаат, велат тие.

Министерството за внатрешни работи на Хутите соопшти дека уапсило двајца организатори и дека истрагата е во тек.

Спонзорирано: