5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Страшни сцени од Судан: мртви тела на улиците, повторно напади на болници

Конфликтите во Судан продолжија со ненамалено темпо, и покрај прогласувањето втор прекин на огнот. Илјадници цивили го напуштаат главниот град Картум, на улиците лежат трупови кои никој не ги преместува поради пукањето, а болниците повторно се на мета.

Неуспехот на прекинот на огнот сугерираше дека двајцата ривалски генерали кои се борат за контрола на земјата се решени да се уништат меѓусебно во потенцијално продолжен конфликт, пренесува NBC.

Очајните и преплашени Суданци кои со денови беа заробени во своите домови поради насилството почнаа да бегаат.

Жителите на неколку населби во Картум изјавија за Асошиетед прес дека можеле да видат стотици, меѓу кои жени и деца, како носат багаж, некои заминуваат пеш, а други се набиени во возила.

Жестоки судири се регистрирани вчера во центарот на Картум и во близина на аеродромот, како и околу зградата на државната телевизија на другиот брег на Синиот Нил во Омдурман. Низ градот се слушале детонации од бомби и артилерија.

Спонзорирано: