26.8 C
Скопје
25. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
СВЕТИЗБОР

Пентагон откри дали има докази за вонземска активност, објави и снимки

Американската влада следи повеќе од 650 потенцијални случаи на неидентификувани воздушни феномени, познати како НЛО, и досега не се пронајдени веродостојни докази за вонземски активности, изјави Шон Киркпатрик, директор на Канцеларијата за решавање на аномалии на сите домени (AAРO) на Пентагон.

„Во нашето истражување, ААРО досега не најде веродостојни докази за вонземска активност, вонземска технологија или објекти кои им пркосат на познатите закони на физиката“, рече Киркпатрик за време на сослушувањето на Комитетот за вооружени служби на американскиот Сенат за активностите на ААРО, пренесува Си-Ен-Ен.

Киркпатрик изјави вчера дека бројот на забележани НЛО се зголемил од 350 пријавени во разузнавачки извештај за неидентификувани воздушни феномени објавен претходно оваа година.

„На околу половина од 650 случаи им дадовме приоритет на набљудувањето поради интересна аномална вредност. Сега треба да ги поминеме за да дознаеме колку реални податоци имаме“, рече американскиот функционер, додавајќи дека неговата канцеларија им помага на Пентагон и на разузнавачката служба да идентификуваат нови технологии од странски земји.

По тој повод тој објави видео снимки од две декласифицирани НЛО, едното е разрешено, а другото за кое се уште нема објаснување.

„Имаме индикации дека некои инциденти, особено оние кои се карактеризираат со напредни технички способности, се поврзани со странски фактор“, рече Киркпатрик.

Ваквите случаи, рече тој, се проследуваат до разузнавачката служба за понатамошна истрага.