6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Четворица тинејџери на роденденска забава во САД биле убиени од 17-годишник и 16-годишник

Неколку дена по пукањето на забава за 16-ти роденден во Алабама, двајца тинејџери се уапсени и обвинети за четири убиства.

Како што пишува CNN, Тај Реик МекКалоу (17) и Тревис Мекалоу (16) се осомничени дека пукале во тинејџери на забавата. Локалната полиција соопшти дека ќе одговараат за уште неколку кривични дела бидејќи најмалку 15 тинејџери се ранети. Вчера Би-Би-Си јави дека се ранети 32 тинејџери.

И двајцата осомничени тинејџери ќе бидат обвинети како возрасни, изјави локалниот обвинител Мајк Сегрест.

„Во болницата се уште има четворица повредени и тие се во критична состојба“, рече Сегрест.

Прославата на 16-тиот роденден во градот Дејдвил, Алабама, се претвори во масакр кога во саботата вечерта беа убиени четворица, а неколку други беа ранети. Пукањето се случило во центарот на Дејвил околу 22:34 часот по локално време.

Меѓу убиените е Филставиус Даудел – надежен американски фудбалер и брат на девојчето што славеше роденден Алексис, која за Би-Би-Си изјавила дека нејзиниот брат и го спасил животот и дека починал во нејзините раце.

Како што пишува Би-Би-Си, 18-годишниот Фил Даудел дошол да ја земе својата сестра откако слушнал дека некој на забавата има пиштол. Нејзината мајка ЛаТоња Ален го слушнала истото, па ги вклучила светлата во просторијата каде се одржувала забавата, отишла кај диџејот и рекла ако има некој огнено оружје, да ја напушти забавата.

Но, кога никој не зборувал, таа повторно ги изгасила светлата.

Не долго потоа, одекнале истрели.

Спонзорирано: