17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Лавови избегаа за време на претстава во циркус во Кина и излегоа на улица

Вистински хорор настанал кога лавови избегале од својот кафез за време на циркуска претстава, а публиката побегнала обидувајќи се да си го спаси животот. Едниот од лавовите успеал да излезе на улица, а другиот бил спречен.

Видео покажува лав кој стои пред паркинг простор додека преплашените набљудувачи коментираат.

„Боже, тој е до мојот автомобил“, вели еден сведок.

„Лавот стоеше на 10 метри од мене. Лудило“, раскажа друг очевидец.

Циркусот е привремено затворен за работа, јавуваат локалните медиуми.

Спонзорирано: