Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Украина го отповика амбасадорот од Белорусија

Украина го отповика „на консултации“ својот амбасадор од Белорусија во знак на протест поради средбата меѓу белорускиот претседател Александар Лукашенко и претседателот на руската Народна Република Доњецк (ДПР), Денис Пушилин, пренесува РТ.

Отповикување на амбасадорот Игор Кизим го објави украинското Министерство за надворешни работи во средата откако Киев претходно ја осуди средбата меѓу Лукашенко и Пушилин како уште еден „флагрантен непријателски чин“ на Минск и обид да му се даде легитимитет на „претставник на руската окупациска администрација во Доњецк“.

Освет тоа, украинското МНР ја повика Белорусија да се воздржи од такви деструктивни чекори и да ја прекине поддршката за акциите на Русија во Украина.

Лукашенко го пречека Пушилин во Минск во вторникот на нивната прва официјална средба откако во септември ДПР стана дел од Русија заедно со Народната Република Луганск и со регионите Керсон и Запорожје.

Белорускиот претседател се понуди да помогне во напорите за обнова на ДПР, во која беа забележани дел од најтешките борби меѓу руските и украинските трупи.

Од 2014 година, кога ДПР ја отфрли власта во Киев по пучот на Мајдан поддржан од Западот, украинската војска постојано го гранатира регионот. Станбените делови на регионалниот главен град Доњецк се меѓу најпогодените области со најмногу цивилни жртви.

„Ни претстои уште многу работа. Индустриските претпријатија и земјоделството треба да заживеат. Таму треба да живеат луѓе. Затоа, подготвени сме да ја пружиме сета потребна помош за жителите на Доњецк, кои не ни се туѓи, конечно да престанат да страдаат,“ изјави Лукашенко за „Белта“.

По средбата на Лукашенко и Пушилин, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, предупреду во средата дека Украина може да оркестрира провокации против Белорусија.

Коментирајќи го отповикувањето на украинскиот амбасадор од Белорусија по средбата, портпаролот на Кремљ само кусо посочи дека Русија му посветила внимание на настанот.

Белорусија е дамнешен сојузник на Русија, но не учествува директно во воената операција на Москва во Украина. Сепак, двете земји минатата есен создадоа заедничка воена групација на белоруска територија за да се справат со можните закани од Запад.

Лукашенко ги обвини западните земји дека се трудат да ја вовлечат Белорусија во украинскиот конфликт за да се прошири линијата на фронтот и да се развлечат ресурсите на руските сили.

Откако Британија ги обелодени плановите за снабдување на Киев со муниција со осиромашен ураниум, рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец најави дека Москва планира летово да распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.

Минск постојано ја повикува Русија да распореди нуклеарно оружје на белоруска територија, наведувајќи ја како причина наводната закана од американското нуклеарно оружје распоредено во соседните земји.

Можеби ќе ве интересира…

Шеќеринска: Оптимист сум за нашиот влез во ЕУ

Во моментов Европската Унија е заинтересирана да го штити европскиот континент и го гледа забрзаното проширување како безбедносен влог, истакна поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска за време на панел-… Прочитај повеќе

Коциќ: Пратениците да се вразумат, или ќе одиме напред или ќе останеме без перспектива

Периодов јасно се гледа дека постои поделбата на проевропски и анти-ЕУ блок, рече пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ во гостувањето во Телма телевизија. Тој обвини дека во однос на процесот… Прочитај повеќе

Добра вест: Ново поевтинување на горивата во Македонија, ова се новите цени

Поевтинуваат бензините. И тоа за 0,5 денари поевтинува Еуросупер 95. Истиот од ноќеска еќ изнесува 80 денари од литар. За еден денар се намалува и цената на Еуросупер 98 и… Повеќе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход,… Повеќе