13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Расте тензијата на северот во Косово пред вонредните локални избори в недела

Вонредните локални избори на северот од Косово кои во недела се одржуваат во северна Митровица, Зубин Поток, Лепосавиќ и Звечан, ќе се одржат без Српската листа, па постои реална опасност режимот на косовскиот премиер Аљбин Курти на чело на општините со мнозинско српско население да донесе луѓе кои ќе работат по негов диктат, предупредува „Данас“.

Во трката за градоначалници на четири општини на северот од Косово има вкупно 11 кандидати од четири албански политички партии, а од српските кандидати се пријавиле само Александар Јаблановиќ од Партијата на косовските Срби за градоначалник во Лепосавиќ и независната кандидатка Слаѓана Пантовиќ за градоначалник на Звечан.

Изборите на северот од Косово првично беа закажани за 18 декември минатата година, но беа одложени во последен момент по барање на меѓународната заедница.

Според Милан Ивановиќ, поранешниот директор на КБЦ Митровица, на чело на општините ќе дојдат луѓе под контрола на Курти, што ја прави ситуацијата многу опасна за Србите во Косово.

– Мислам дека Курти ќе договори на чело на овие општини да не бидат само Албанци туку и Срби кои се под негова контрола и дека секако ќе ја спроведе својата политика. Сè е подготвено и ситуацијата е многу опасна имајќи предвид дека, пред сè, може да донесат низа натамошни штетни одлуки за национализација, експропријација на земјиште, присвојување парцели од северна Митровица до јужниот дел, па сè до целосна интеграција на северниот дел во јужниот дел. Притоа, меѓународната заедница не реагира на овие „демократски“ избори, што значи дека ги поддржува, односно дека Курти веќе се договорил за сè со своите западни ментори, а тоа е дополнителна опасност,“ истакнува Ивановиќ.

Друг проблем, додава тој, е што ќе има уште повеќе насилство врз Србите, кое е и така е веќе постојано присутно.

„Исто така, избирачките места за изборите се во областите населени со Албанци, така што имаат можност да покажат наводно поголем одѕив и дополнително да ги украдат изборите за да добијат дополнителен легитимитет,“ предупредува Ивановиќ.

На редовната седница на Централната изборна комисија на Косово беше утврден избирачкиот список во општините на северот на кој има запишано 45.095 гласачи.

Според „Косово онлајн“, локалните избори на северот од Косово на 23 април ќе се одвиваат на алтернативни избирачки места кои ќе бидат поставени во албанските населби. ЦИК определи 19 избирачки места, од кои повеќето се алтернативни

Како што информираат од „Кљан Косова“, во четири општини на северот од Косово како избирачки места ќе бидат поставени контејнери. Освен во Јариње, контејнери ќе бидат поставени и на влезот во Лепосавиќ, Кошутово и на излезот од Сочаница.

Во Зубин Поток, алтернативни избирачки места ќе бидат поставени во Јасеновиќ, кај преминот Брњак и на излезот од градот во правец кон Митровица. Во Звечан, гласачки места ќе има во близина на базенот, на влезот во Бањска и до главниот пат за Митровица, близу патот кон Жажа. Гласачките места за Северна Митровица ќе бидат поставени во Бошњачка маала, во близина на „Три солитера“ и кај автобуската станица.

Во меѓувреме, граѓаните на Лепосавиќ како и во целото северно Косово, цврсто стојат на ставот дека нема да учествуваат на вонредните локални избори закажани за в недела или на какви било други избори додека не се формира Заедницата на српски општини и Приштина не го исполни договорот.

Спонзорирано: