Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Политички земјотрес во Атина: европратеник од Сириза обвинет за силување

Политичката ситуација во Атина се влошува со молскавична брзина еден месец пред изборите во Грција откако белгиските власти побараа од Европскиот парламент да му го укине имунитетот на грчкиот европратеник Алексис Георгулис, кој се соочува со обвиненија за силување, пренсува „Еурактив“.

По најавата од шефицата на ЕП, Роберта Мецола, Георгулис веднаш беше исклучен од левичарската партија Сириза, а во вторникот беше исфрлен и од Европската обединета левица.

Лидерот на Сириза, Алексис Ципрас, побара итно да се расветли случајот.

„Без толеранција, без прикривање, без разлика на колку висока позиција е некој“, истакна Ципрас.

Европската обединета левица, од своја страна, рече дека исклучително сериозно ги сфаќа наводите за силување и дека е посветена на спречување и искоренување на сите форми на насилство и на вознемирување.

Наводната жртва на Георгулис е поранешна вработена во ЕП која моментално работи за Европската комисија и, исто така, е во извршното тело на Грчката социјалистичка партија (Пасок).

Во објава на Фејсбук во вторникот, наводната жртва посочи дека инцидентот се случил на почетокот на 2020 година и дека таа веднаш поднела тужба за силување со пропратните потребните податоци, како што се форензичките извештаи.

Четири месеци подоцна, во мај 2020 година, таа се почувствувала подготвена да им го даде името на насилникот на белгиските власти, кои се единствените одговорни за водење на случајот.

Сепак, останува нејасно зошто белгиските власти ги одолговлекле постапките со оглед на тоа што жалбата е поднесена пред речиси три години.

Бриселски адвокатите посочувааѕ дека е голема веројатноста белгиските власти да започнале истрага уште тогаш, но дека побарале одземање на имунитетот на европратеникот дури кога собрале доволно податоци.

Георгулис тврди дека воопшто не бил запознаен со жалбата, а неговите адвокати тврдат дека тој е невин.

Грчката владејачка Нова демократија ја нападна Сириза, прашувајќи дали партијата е запозната со случајот. Кога гласините за недолично однесување стигнале до Сириза пред неколку години, шефот на делегацијата Димитрис Пападимулис побарал објаснување од Георгулис, но тој категорично негирал дека постои некаков проблем.

Според „Еурактив“, и Сириза подоцна почнала сопствена истрага, но без конкретни резултати бидејќи белгиските власти го истражувале случајот во тајност. Освен тоа, службите на ЕП не пријавиле никакво кривично дело, тврдат од Сириза.

Наводната жртва, од друга страна, ја обвиниа Сириза дека нејзини членови го објавиле нејзиното името во грчкиот печат, нарушувајќи ја нејзината приватност, имајќи предвид дека таа го чувала случајот во тајност дури и од нејзиното семејство.

И Пасок ја обвини Сириза за протекување на доверливите информации, нешто што левичарската партија категорично го негира, а останува и фактот дека нејзиното име првпат било објавено во клучните провладини медиуми.

Случајот предизвика политички земјотрес во Грција пред парламентарните избори закачани за 21 мај. Владејачката Нова демократија води во анкетите со поддршка од 29%, а веднаш зад неа следат Сириза (24,6%) и Пасок (9,5%).

Се очекува Пасок да ја игра клучна улога во формирањето коалициска влада и ќе мора да биде партнер или со Нова демократија или со Сириза, но скандалот со силувањето ја прави ситуацијата посложена.

Односите меѓу Пасок и Нова Демократија, пак, се лоши откако беше откриено дека тајните служби под контрола на грчкиот премиер му го прислушувале телефонот на социјалистичкиот лидер Никос Андрулакис.

Според новиот изборен закон во Грција, речиси е неизбежен фактот дека само коалиција може да успее да формира влада.

Можеби ќе ве интересира…

Бесими: Граѓанската обврзница е безризичен инструмент кој носи добри и безбедни приноси

2 јуни 2023, Скопје – Издавањето на граѓанската обврзница, како нов инструмент на пазарот, ќе даде можност на граѓаните да ги инвестираат своите пари и за тоа да добијат добри… Прочитај повеќе

Машините на терен – Почнаа работите на коридорот 8, постоечкиот автопат Тетово-Гостивар ќе се трансформира во автопатско решение со по три ленти во двата правци

Изградбата на стратешките инфраструктурни проекти е важна пред сè за подобрување на условите за живот на граѓаните, за обезбедување модерна и безбедна патна и железничка инфраструктура, за рамномерен регионален развој,… Прочитај повеќе

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за… Повеќе

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град и внатрешноста на Македонија велат познавачите. Цените кои беа напумпани на становите во Скопје и внатрешноста се очекува… Повеќе