20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ОН: Се очекува Индијците набргу да ги надминат Кинезите по бројот на жители

Се очекува Индија да ја престигне Кина како најнаселена земја во светот до средината на оваа година, според процените на Обединетите нации.

Населението на Индија ќе биде 1.4286 милијарди во споредба со 1.4257 милијарди во Кина, според извештајот за светското население на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА).

Населението на Кина се намали минатата година првпат во повеќе од шест децении, покажаа официјалните податоци на почетокот на оваа година. Извештајот на УНФПА исто така проценува дека светската популација ќе достигне 8.045 милијарди луѓе до средината на 2023 година.

Индија нема официјални податоци за населението бидејќи нема спроведено попис од 2011 година. Пописот на населението во Индија, кој се одржува само еднаш во деценијата, требаше да се одржи во 2021 година, но мораше да се одложи поради пандемијата на коронавирусот.

Спонзорирано: