3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мало момче упаднало во дворот на Белата куќа, се провлекло меѓу металните столбови

Детенце денеска ја заслужи титулата најмал натрапник кој упаднал во Белата куќа, откако ја пробило металната ограда што го опкружува комплексот.

Припадниците на тајната служба на Америка кои се одговорни за безбедноста во Белата куќа го фатиле детето и им го вратиле на родителите.

Пристапот до комплексот бил накратко ограничен, а полицајците ги испрашувале родителите пред да им дозволат да продолжат по патот.

Како што истакнува агенцијата, ова може да биде прв успешен упад во комплексот откако висината на оградата околу Белата куќа е двојно зголемена на речиси четири метри. Но, и покрај тоа што е повисока, новата ограда има дополнителни неколку сантиметри простор меѓу столбовите, пренесува „Танјуг“.