20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Две навивачки од Тексас по грешка влегле во погрешен автомобил, возачот ги застрелал

Две навивачки од Тексас вчера по грешка влегле во погрешен автомобил на паркинг, по што сопственикот на возилото ги застрелал со огнено оружје.

Полициското одделение соопшти дека поради овој инцидент го уапсиле Тело Родригез Јуниор (25) и дека е обвинет за напад, пишува „Еј-би-си њуз“.

И двете навивачки поради повредите завршија во болница. Едната е пуштена по преглед и лекување, а другата е во критична состојба.

Хедер Рот, навивачка во Woodlands Elite Cheer Co., сподели на Инстаграм што се случило таа вечер.

Таа раскажа дека со уште три навивачки нешто по полноќ отишле на паркингот по тренинг. По грешка ја отворила вратата од погрешниот автомобил со маж во него. Потоа излегла од возилото и се вратила во автомобилот на нејзината пријателка. Човекот потоа дошол кај нив. Рот го спуштила прозорецот за да се извини, но мажот почнал да пука во нив.

Сличен настан имаше и вчера, кога дваесетгодишна девојка беше убиена кога случајно влегла на туѓ имот додека ја барала куќата на својот пријател во северниот дел на Њујорк.

Спонзорирано: