Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Војна во УкраинаСвет

Бугарија воведе привремена забрана за увоз на прехранбени производи од Украина

Бугарија воведува привремена забрана за увоз на прехранбени производи од Украина, со исклучок на транзитна стока, соопшти техничкиот премиер Галаб Донев на почетокот на денешната владина седница.

Според него, значителни количини украинска храна останале во Бугарија.

„Минатата година, спротивно на првичната замисла, значително количество прехранбени производи остана во земјава и направи проблем. Доколку оваа тенденција опстојува или се зголеми, можно е да има исклучително сериозни последици за бугарскиот бизнис. Принудени сме да ја донесеме оваа национална мерка, бидејќи европските власти се’ уште размислуваат за соодветнo решение. Очекуваме дека Брисел ќе ги слушне и разбере позициите на Бугарија, Полска, Чешка и Словачка. Остануваме солидарни со Украина, но банкротот на бугарските земјоделци во никој случај нема да придонесе за нејзината цел“, рече Донев, пренесува „Радио Бугарија“.

Забраната претходно ја воведоа Полска, Унгарија и Словачка, а за слична мерка размислува и Хрватска која бара од ЕК да ги надомести наметнатите трошоци.

Можеби ќе ве интересира…

Бесими: Граѓанската обврзница е безризичен инструмент кој носи добри и безбедни приноси

2 јуни 2023, Скопје – Издавањето на граѓанската обврзница, како нов инструмент на пазарот, ќе даде можност на граѓаните да ги инвестираат своите пари и за тоа да добијат добри… Прочитај повеќе

Машините на терен – Почнаа работите на коридорот 8, постоечкиот автопат Тетово-Гостивар ќе се трансформира во автопатско решение со по три ленти во двата правци

Изградбата на стратешките инфраструктурни проекти е важна пред сè за подобрување на условите за живот на граѓаните, за обезбедување модерна и безбедна патна и железничка инфраструктура, за рамномерен регионален развој,… Прочитај повеќе

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град и внатрешноста на Македонија велат познавачите. Цените кои беа напумпани на становите во Скопје и внатрешноста се очекува… Повеќе

АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ Скопје и внатрешноста на Македонија

Цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Напумпаните цени на становите во Скопје и внатрешноста се очекува да паднат, пред се поради намалената побарувачка, но и поевтинувањето на… Повеќе