Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Војна во УкраинаСвет

Американски документи: Русија се обидува да го нападне „Старлинк“ во Украина со тајно оружје

Русија се обидува да употреби тајно оружје за да го блокира пристапот на украинската војска на Интернет преку „Старлинк“, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на тајниот извештај на американското разузнавање кој неодамна беше објавен.

Според информациите на „Вашингтон пост“, Москва со месеци експериментирала со својот систем за електронско војување „Тобол“ во обид да ја блокира работата на сателитскиот интернет-провајдер „Старлинк“ во Украина.

Системот дизајниран да ги заштити руските сателити, наводно, може да се користи за напад на непријателски системи. „Спејс-икс“ компанијата која е сопственик на „Старлинк“, одби да ги коментира овие информации.

Во мај минатата година, Маск објави на Твитер дека „Старлинк“ го покажал својот отпор кон обидите за заглавување и хакирање, но се чини дека Русите ги интензивираат своите напори.

Костиантин Жура, портпарол на министерството за одбрана на Украина, рече дека властите во Киев се свесни за напорите на Русија и преземаат мерки за нивно неутрализирање. Руската амбасада во САД не одговори на барањето на „Вашингтон пост“ за коментар.

„Вашингтон пост“ пишува дека „Старлинк“ се покажа како витален за војската на Украина, која се потпира на мали преносливи терминали за да комуницира и да пренесува разузнавачки информации.

Можеби ќе ве интересира…

Ковачевски-Шолц: Германија ја повтори силната поддршка за интеграцијата во ЕУ

На Самитот на Европската политичка заедница во Молдавија, премиерот Димитар Ковачевски се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц, кој ја повторил силната поддршка на Германија за интеграцијата на Северна Македонија… Прочитај повеќе

Судскиот Совет ќе расправа по индиции за судир на интереси во работата на Весна Дамева

Зоран БОЈАРОВСКИ Весна Дамева, член на Судскиот Совет и претседателка на ова тело од декември минатата година до 26 април годинава, кога беше разрешена од оваа должност, учествувала во постапки… Прочитај повеќе

АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ Скопје и внатрешноста на Македонија

Цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Напумпаните цени на становите во Скопје и внатрешноста се очекува да паднат, пред се поради намалената побарувачка, но и поевтинувањето на… Повеќе

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град и внатрешноста на Македонија велат познавачите. Цените кои беа напумпани на становите во Скопје и внатрешноста се очекува… Повеќе