Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Американка удрила во стомак бремена жена, која го изгубила бебето, обвинета е за убиство

Жена од Тексас е обвинета за убиство откога удрила бремена жена, која го изгубила своето бебе од ударот.

Осомничената Чери Акил (39) била во притвор во округот Тарант минатата недела, но полицијата ја однела во болницата „Џон Питер Смит“ во Форт Ворт поради самоубиствени мисли.

„Во болницата Акил удрила бремена жена вработена таму, со тупаница во стомакот, која веднаш била префрлена на одделението за траума. Лекарите направиле ултразвук и утврдиле дека бебето повеќе нема пулс“, се вели во соопштението на полицијата. Пред инцидентот, Акил била во притвор поради измама со кредитни картички.

„Обвинението за убиство од небрежност за смрт на фетус е ретка, но не сосема невообичаена примена на законот во Тексас. Тоа не значи дека обвинението не може да се промени“, изјавила адвокатката на Акил за „Ен-би-си њуз“.

Можеби ќе ве интересира…

Не можете да заспиете? – Овие 6 работи мора да ги направите 30 минути пред спиење

Mртви сте уморни и едвај чекате да одите во кревет. Но, мозокот не мирува и мислите ви поминуваат низ главата… Се разбира, во тој случај нема шанси да заспиете. За… Прочитај повеќе

15 знаци дека на некој навистина му се допаѓате, веднаш штом ќе го запознаете

Сите можеме да се чувствуваме несигурни кога започнуваме нови врски, прашувајќи се дали некој навистина нè сака. Никој од нас не чита мисли, но нашето однесување може да даде прилично… Прочитај повеќе

Повеќе од 40 претставени брендови на Саемот за транспорт од 07ми до 09ти јуни

Бизнис светот е синергија на упорност, визија, партнерство, но и квалитетни услуги и производи. Токму тоа е премисата на претстојниот Саем за транспорт 2023, на којшто ќе се претстават повеќе… Повеќе

Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот

Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната економија (деглобализација) е еден од трите најголеми глобални ризици, заедно со кризата на трошоците на животот и климатските… Повеќе