12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Во Москва имаат проблем со наоѓање регрути, ќе ги бараат со видео надзор

Надзорните камери лоцирани во главниот град на Русија ќе се користат за да се утврди точниот престој на регрутите, објави воениот комесар на Москва, полковник Максим Локтев.

„За да се одреди местото на живеење на регрутите, во градот Москва се користат системи за видео надзор, според инструкциите на градоначалникот на Москва, а организациите каде што работат регрутите обезбедуваат информации за нив до воените комесаријат. Образовните организации ни помагаат да одредиме каде студира воениот регрут“, рече Локтев.

Потенцира дека со податоците што ќе се собираат на овој начин нема да биде тешко на воените обврзници да им се врачи повик за регрутација.

Тој нагласи дека главната причина за неодговорот на граѓаните за регрутирање е тоа што не живеат во местото на пријавување, поради што не можат да им достават покани. Сега на ова прашање му се посветува големо внимание со поддршка на градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин и Главниот оддел на Министерството за внатрешни работи на Русија за главниот град.

Пролетното регрутирање започна во Русија на 1 април 2023 година. Според указот на претседателот Владимир Путин потпишан на 30 март, 147.000 луѓе ќе бидат повикани на воена служба.

Спонзорирано: