Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Војна во УкраинаСвет

Во Германија нагло се зголеми бројот на млади Руси што бараат азил

Германија бележи нагло зголемување на бројот на руски баратели на азил од почетокот на годината, објавија германските медиуми.

„Во првите три месеци од оваа година, 2.381 руски државјанин поднеле барање за политички азил во Германија, што е повеќе отколку во целата мината година“, пренесува информативниот интернет портал „Табл медија“ повикувајќи се на податоци на Федералната канцеларија за миграција.

Конкретно, забележлив е голем пораст на бројот на апликанти на возраст од 19 до 30 години, што укажува дека многу апликанти сакаат да избегнат мобилизација во руската армија.

Според тоа, процентот на машки апликанти, односно потенцијални регрути, се зголеми од 59 на 64 проценти.

Оние што ќе одбијат да ѝ се приклучат на руската армија може да поднесат барање за азил во Германија и да очекуваат заштита.

„Оние што не сакаат да учествуваат во војната на Путин против Украина по правило имаат право на меѓународна заштита“, рече портпаролката на БАМФ. Не се споменува колку такви случаи има меѓу барателите на азил.

По почетокот на рускиот напад врз Украина во февруари минатата година, во Германија пристигнаа над милион бегалци од Украина, кои автоматски се стекнуваат со статус на воени бегалци, што ги вклучува истите социјални привилегии како и за германските граѓани.

Во Германија моментно се води жестока дебата меѓу федералните и сојузните државни органи за преземање на трошоците за сместување на бегалците и барателите на азил, чиј број исто така расте.

Поради зголемениот број илегални миграции преку т.н. балканските рути, но и од Италија, Германија ги продолжи контролите на границата со Австрија за половина година.

Германскиот канцелар Олаф Шолц свика кризен состанок на тема прифаќање бегалци за почетокот на мај.

Можеби ќе ве интересира…

Ковачевски-Шолц: Германија ја повтори силната поддршка за интеграцијата во ЕУ

На Самитот на Европската политичка заедница во Молдавија, премиерот Димитар Ковачевски се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц, кој ја повторил силната поддршка на Германија за интеграцијата на Северна Македонија… Прочитај повеќе

Судскиот Совет ќе расправа по индиции за судир на интереси во работата на Весна Дамева

Зоран БОЈАРОВСКИ Весна Дамева, член на Судскиот Совет и претседателка на ова тело од декември минатата година до 26 април годинава, кога беше разрешена од оваа должност, учествувала во постапки… Прочитај повеќе

Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда од МТЕЛ

Уживајте опуштено во долги телефонски разговори или во повеќе интернет со новата промотивна понуда на дополнителни припејд тарифи од МТЕЛ. Изберете помеѓу xtraTALK M со вклучени неограничени минути и СМС… Повеќе

Регионалниот фонд за предизвици додели 2,72 милиони за шест македонски проекти за унапредување на стручното образование

Шест најуспешни проекти од Северна Македонија се предложени за финансирање во вториот повик на Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ), со што се издвојуваат приближно 2,27 милиони евра за инвестиции во… Повеќе