Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Европскиот парламент ја изгласа одлуката за визна либерализација со Косово

Пратениците во Европскиот парламент ја изгласаа денеска на пленарна седница одлуката за визна либерализација за Косово, што беше и последниот чекор кон укинување на визите за граѓаните со косовски пасоши, пренесува српска „Политика“.

На косовските граѓани ќе им биде дозволено да патуваат и да престојуваат во Европската Унија до 90 дена во кој било период од шест месеци.

Останува уште официјалното потпишување, кое веќе е најавено на веб-страницата на Европскиот парламент. Како што се наведува во најавата, одлуката за визна либерализација ќе ја потпишат претседателот на Европскиот парламент и претставникот на Шведска како земја-претседавач со Унијата.

Пред речиси десет години Европската комисија даде препорака до другите инстанции на ЕУ да воведат визна либерализација за Косово и Европскиот парламент веднаш ја поддржа препораката.

Сепак, ќор-сокакот се случи на ниво на земјите членки. Првенствено се шпекулира дали се работи за земјите што не ја признаваат независноста на Косово, а Холандија и Франција се споменуваа и поради некои други причини.

Сепак, сите пречки беа отстранети во ноември годинава кога беше договорен текстот на договорот за визна либерализација и сите членки на ЕУ дадоа зелено светло.

Можеби ќе ве интересира…

Бесими: Граѓанската обврзница е безризичен инструмент кој носи добри и безбедни приноси

2 јуни 2023, Скопје – Издавањето на граѓанската обврзница, како нов инструмент на пазарот, ќе даде можност на граѓаните да ги инвестираат своите пари и за тоа да добијат добри… Прочитај повеќе

Машините на терен – Почнаа работите на коридорот 8, постоечкиот автопат Тетово-Гостивар ќе се трансформира во автопатско решение со по три ленти во двата правци

Изградбата на стратешките инфраструктурни проекти е важна пред сè за подобрување на условите за живот на граѓаните, за обезбедување модерна и безбедна патна и железничка инфраструктура, за рамномерен регионален развој,… Прочитај повеќе

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град и внатрешноста на Македонија велат познавачите. Цените кои беа напумпани на становите во Скопје и внатрешноста се очекува… Повеќе

АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ Скопје и внатрешноста на Македонија

Цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Напумпаните цени на становите во Скопје и внатрешноста се очекува да паднат, пред се поради намалената побарувачка, но и поевтинувањето на… Повеќе