9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Девојка застрелана додека ја барала куќата на својот пријател: ја згрешила адресата и влегла на туѓ имот

Дваесетгодишна девојка е убиена кога случајно влегла на туѓ имот додека ја барала куќата на својот пријател во северниот дел на Њујорк.

Кејлин Гилис возела во округот Вашингтон со пријателите кога влегле во патеката на патот Патерсон Хил во Хеброн. Тие бргу ја сфатиле својата грешка и се обиделе да си заминат, изјави шерифот Џефри Марфи.

Но, во тој момент на терасата од куќата излегол сопственикот, 65-годишниот Кевин Монахан, кој испукал два куршума кон возилото, од кои едниот ја погодил Кајлин.

„Ова е рурална област, каде што во текот на ноќта приодите до куќите често се слабо осветлени, нема многу мобилна услуга или каков било интернет“, објасни шерифот.

Пријателите на Кејли се обидоа да повикаат полиција, но морале да возат пет милји до патот на гробиштата во Салем за да го сторат тоа. Брзата помош, која дошла на местото на пукањето, можела само да ја констатира смртта на девојчето.

„Никој од групата не излегол од возилото, ниту се обиделе да влезат во куќата на Монахан пред да почне да пука“, рекол шерифот.

Полицијата набргу пристигнала на местото на пукањето, но Монахан одбил да излезе и да разговара, изјави шерифот. По еден час, се предал.

Спонзорирано: