15.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

ЗА ПРВ ПАТ ВО АМЕРИКАНСКАТА ИСТОРИЈА! Обвинение против експретседателот ДОНАЛД ТРАМП: Исплатени пари на ѕвезда од филмови за возрасни

Во Менхетен, Њујорк, Големата порота гласаше за обвинение против поранешниот претседател Доналд Трамп поради тајни плаќања на ѕвездата од филмовите за возрасни Сторми Даниелс.

За прв пат во американската историја, сегашен или поранешен претседател се соочува со кривична пријава, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на три извори запознаени со ова прашање. Тие тврдат дека Доналд Трамп и платил на Сторми Даниелс 130.000 долари за да молчи за нивната наводна врска во последните недели од претседателската кампања во 2016 година, истражуваше обвинителот Алвин Брег.

Мајкл Коен, поранешниот адвокат на Трамп, рече дека ги платил парите според налогот за да купи молк за вонбрачната врска на тогашниот претседателски кандидат. Доналд Трамп негира дека имал афера со Сторми Даниелс, а луѓе блиски до поранешниот претседател тврдат дека Коен работел сам.

Истрагата за овој случај траеше со години, но беше забрзана минатата недела. Најголемиот страв на властите е да не се повтори насилството забележано во Капитол на 6 јануари 2021 година, кога Доналд Трамп, поразен на изборите, ги повика своите поддржувачи да ги оспорат резултатите. Тој, исто така, без аргументи тврди дека актуелниот претседател Џо Бајден му ја украл изборната победа.