4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Резников: Тенковска контраофанзива е можна во април или мај

Украина може да почне офанзива во април или мај, во која ќе се користат тенковите испратени од Западот, сугерираше украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников во интервју за естонската телевизија.

Тој навел дека тенковите Леопард од германско производство, што почнале да пристигнуваат во Украина, ќе бидат дел од контраофанзивата според одлуката на Генералштабот.

– Ќе зависи од најдобриот момент. Ќе зависи од временските услови. Мислам дека ќе видиме тенкови во текот на следните два месеци. Мислам на април и мај, посочи Резников.