6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Битиќи: Фирмите имаат големо олеснување со заедничкиот пазар на труд во Отворен Балкан

Со мерката од Отворен Балкан за создавање заеднички пазар на труд практично се отстрануваат административните бариери за работен ангажман, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на регионалната конференција на тема „Како да се обезбеди поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан – предизвици и можности“.

-Ако сега за работна дозвола се чека по два или три месеци и има и административни такси, со оваа мерка се отстрануваат чекањето и бирократиите и се либерализира пазарот на труд, додека платите, придонесите, сместувањето, работникот си ги обезбедува сам или пак фирмата каде што се вработува. Станува збор за огромна помош и огромно олеснување за фирмите кои имаат свои претставништва во нашите три држави. Полесно да отвораат нови работни места, офлајн и онлајн и полесно да ангажираат работни кадри и за нив да обезбедуваат добри плати и добри услови за работа. Станува збор за регионална конкурентност на пазарот на трудот која со сигурност ќе придонесе кон покачување на платите, кажа Битиќи.
Тој истакна дека постојано ја отвара и темата за креирања на заедничка платформа и стратегија за привлекување на странски директни инвестиции, што ќе овозможи привлекување индустрија која ќе креира голем сиџир на набавки во сите земји.
-Така нема да се натпреваруваме и конкурираме туку заеднички ќе работиме да ги издигнеме нашите домашни компании да можат да се вклучат во меѓународни синџири на набавки си светски стандарди. Имено, со ваква сеопфатна политика ние во занчитлена мера ќе придонесеме и за намалувања на миграциите од нашите земји на нашите млади, бидејќи ќе им дадеме поголеми шанси и можности за кариера дома – во Западниот Балкан. Секако, регионалната соработка овозможува раст и развој на економите. Предизвиците не се пречка, тие се шанса за заедно да ги надминеме и заедно да ги мултиплицираме шансите и можностите кои се отвораат пред нас. Нашиот регион треба да влезе во ера на соработка за просперитет на сите наши народи. Да се зацврстува економската соработка и инвестициите, да се зајакнува довербата со цел унапредување на трговската соработка, потенцира Битиќи, кој заклучи дека регионалната конкурентност е клучот кој ја отвора вратата за просперитет на Западен Балкан.

Спонзорирано: