14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Америка итно ги предупреди граѓаните: Веднаш да ја напуштите Русија

Ентони Блинкен рече дека САД се „длабоко загрижени“ што дописникот на Волстрит журнал Еван Гершкович е приведен во Русија поради шпионажа.

Според Ројтерс, американските власти се во контакт со Wall Street Journal и ги осудуваат постапките на Москва.

Американскиот Стејт департмент издаде итно предупредување до своите граѓани да не патуваат во Русија. Во соопштението се наведува дека на сите американски државјани во Русија им се препорачува што поскоро да ја напуштат таа земја.

Претходно денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во врска со приведувањето на дописникот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович за шпионажа, изјави дека не станува збор за сомневање, туку дека новинарот е „фатен на дело“.

Гершкович, 32-годишен дописник на московското биро на американскиот весник, е приведен во Екатеринбург под сомнение за шпионажа, објави претходно ФСБ.

Според ФСБ, „по инструкции на американската страна собирал информации кои се државна тајна за активностите на една од компаниите на рускиот воено-индустриски комплекс“.

Спонзорирано: