5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Доктори извадиле половина килограм коса од стомакот на малолетно девојче во Индија

16-годишно двојче од Пали, Индија, постојано се жалела на болки во стомакот и повраќање.

Таа била болна шест месеци поради што нејзиното семејство немало друг избор, освен да ја однесе на лекар.

Кога ситуацијата станала неподнослива, таа морала да оди на операција.

За време на операцијата, хирурзите ѝ извадиле топка коса тешка дури половина килограм од стомакот, а се утврдило дека девојчето боледува од трихофагија, односно компулсивна потреба да јаде коса уште од својата осумгодишна возраст.

Оваа болест е поврзана со трихотиломанија, односно неодолива желба за јадење коса.

Кафеавата маса од влакна што лекарите ја пронашле во стомакот на 16-годишното девојче била долга застрашувачки 16 сантиметри и широка осум сантиметри.

Иако трихотиломанијата и трихофагијата се споменуваат уште во 18 век, никогаш не е откриено точно зошто ова нарушување се јавува кај луѓето.

Косата што се акумулира во стомакот предизвикува варење и болки, пренесе „Новости.рс“.

Спонзорирано: