22.8 C
Скопје
13. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Пукање во Хрватска: Син си го убил таткото, а потоа и себеси?

Еден маж е убиен во хрватскиот град Винковци при синоќешната престрелка.

Во 22 часот и 39 минути во полиција било пријавено дека маж е убиен од огнено оружје. Полициски службеници на местото на настанот пронашле мртво тело на маж и утврдиле дека сторителот се оддалечил од местото на настанот, пренесува Индекс.

-Со преземените итни полициски дејствија набрзо пронајдовме безживотно тело на маж за кој се сомневаме дека е избеганиот сторител на тој настан – наведуваат од полицијата.

Локалниот портал Cibalia.info, повикувајќи се на неофицијални информации, јавува дека син го убил својот татко на улицата Драгутин Жаниќ во Винковци, а потоа се самоубил.

Ќе следи полициска увид и утврдување на сите околности на настанот.

Спонзорирано: