13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Остин: Украина ќе има добри шанси за успех

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин смета дека Украина има многу добри шанси да започне успешна контраофанзива во пролетта оваа година поради значителното исцрпување на руските сили и западното оружје, пишува Украинска Правда.

– Мислам дека напролет ќе видиме интензивирање на непријателствата бидејќи се подобруваат условите за маневрирање и врз основа на она што веќе го направивме и продолжуваме да го правиме. Мислам дека Украина ќе има многу добри шанси за успех – изјави Остин за време на сослушувањето во Комитетот за вооружени сили на американскиот Сенат.

Меѓу другото, Остин рече дека Украина во моментов има значителна предност во однос на руските сили.

– Украинците им нанесоа значителни загуби на Русите и ги исцрпија нивните оклопни возила на начин на кој никој не можеше ни да замисли – изјави Остин.

Спонзорирано: