23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Блинкен: Америка е против иницијативите за итен прекин на огнот во Украина

Соединетите Држави се залагаат за решение на конфликтот во Украина што нема да дозволи Русија да ги обнови своите сили и да ги прегрупира своите војници, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен за време на дискусијата за украинското прашање на маргините на Самитот за демократија.

– Сите знаеме дека мирот треба да биде праведен, заснован на принципите содржани во Повелбата на ОН – суверенитет, територијален интегритет, независност – рече тој.

Американскиот државен секретар додаде дека „САД се посветени на поддршка на дипломатските напори“ за постигнување слично решение во Украина.

Истовремено, тој изрази мислење дека иницијативите за итен прекин на огнот може да испаднат како „стапица“ што ќе доведе до замрзнување на конфликтот, а не до конечно решение на проблемот.

Спонзорирано: