17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Која е „хероината” што денеска храбро влезе во дуел со премиерот Ковачевски?

Фејсбук-профилот на Ацка Станишева, меѓу другото, изобилува со објави на кои таа е фотографирана на партиски настани на ВМРО-ДПМНЕ, а дел од фотографиите на кои е означена се објавени од актуелниот пратеник во Собранието од оваа партија, Тони Јаревски, пишува 360степени.мк.

„Ројтерс“, во објава од 8 јули 2022 г., ја цитира Ацка Станишева како учесничка на антивладините протести против францускиот предлог, која рекла дека тоа не е европски, туку бугарски предлог и дека Владата не треба да го прифати.

Ликот на „хероината на денот“, жената која денеска храбро влезе во дуел со премиерот Димитар Ковачевски додека тој пазареше во еден од скопските маркети, се совпаѓа со ликот на корисничка на Фејсбук со име Ацка Станишева.

А, фејсбук-профилот на Станишева, меѓу другото, изобилува со објави на кои таа е фотографирана на партиски настани на ВМРО-ДПМНЕ, а дел од фотографиите на кои е означена се објавени од актуелниот пратеник во Собранието од оваа партија, Тони Јаревски.

На профилот на Станишева има и објави во кои таа бара поддршка за политичка партија.

Една од нив датира од 2 октомври 2021 година. Објавена е портретна фотографија од Станишева, а на неа пишува „Гласајте за број 7“ – редниот број на советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ на гласачкото ливче за последните локални избори кои се одржаа на 17 октомври истата година.

Целата анализа на 360степени.мк.

Спонзорирано: