3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хорор во Лисабон: Напад со нож во муслимански центар, убиени две лица

Најмалку две лица загинаа во напад на Исмаилискиот центар во Лисабон, соопшти португалската полиција, без да даде повеќе детали.

Си-Ен-Ен Португалија објави дека осомничениот за тој напад е наводно авганистански државјанин, кој нападот го извршил со голем нож, а потоа бил застрелан и приведен.

„Главната цел на исмаилиските центри е да поттикнат меѓусебна соработка и разбирање меѓу различните народи, заедници и религии“, се наведува на нивната веб-страница.

Шиитските муслимани се заедница на етнички и културно различни народи кои живеат во повеќе од 25 земји низ светот.

Спонзорирано: