11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Десетици дојави за бомби во училишта во Бугарија

Десетици училишта во Софија, Варна и Бургас беа евакуирани откако добија дојави за поставени бомби во повеќе од 20 образовни институции во Бургас. Децата и наставниците се евакуирани.

Најмалку 10 училишта добија дојави за бомби и во Софија. Тие се главно во регионите „Подујане“ и „Красно село“. Напладне дојава за бомба е добиена и во училиштето 119 во областа „Изток“.

Во сите училишта во Варна пријавени се пријави за експлозивни направи, јави БНР, повикувајќи се на Регионалната управа на Министерството за внатрешни работи.

Дојавите почнале да пристигнуваат на училишните мејлови од 9:30 часот наутро.

Спонзорирано: