12.8 C
Скопје
29. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турската парламентарна комисија го одобри влезот на Финска во НАТО

Комисијата за надворешни работи при турскиот Парламент го одобри предлог-законот за членство на Финска во НАТО. Сега претстои предлог-законот да биде одобрен од Парламентот до 26 март, објавија турските медиуми.

Шведска и Финска лани аплицираа за приклучување кон северноатлантската одбранбена алијанса, непосредно по руската воена инвазија во Украина.

Нивниот влез во Алијансата го блокира Турција, при што во јавноста се споменуваше можноста за одобрување на влезот на Финска пред Шведска.

Кон средината на февруари, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Анкара апелираше Финска и Шведска „сега“ да бидат вклучени во НАТО.