Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
Свет

Огромен пожар во Истанбул: Огнена стихија зафати хотел, две лица загинаа

Две лица загинаа, а уште две се повредени во пожар што рано утринава избувна во седумкатен хотел во Истанбул.

Причината за пожарот засега не е позната, а пожарот за кратко време го зафатил целиот хотел, јавува ТВ Хабертурк.

На местото на пожарот излегле голем број противпожарни, медицински и полициски екипи.

Пожарот бил изгаснат по еден час.