10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото tccb.gov.tr
ТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Ердоган и даде „зелено светло“ на Финска за НАТО

Комисијата за надворешни работи на турскиот парламент денеска го одобри предлог-законот за членство на Финска во НАТО.

Сега таа треба да биде одобрена од собранието до 26 март, објави турската телевизија ТРТ.

Протоколот до парламентот го испрати претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, пренесе Тас.

На 17 март тој ја објави подготвеноста на Анкара да ја ратификува кандидатурата на Финска за влез во НАТО. Во мај 2022 година, Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО, но нивната кандидатура беше веднаш отфрлена од Анкара, која побара од нордиските земји да ги прогласат курдските организации за терористи, да и испорачаат на Турција лица обвинети за терористички активности или помагање и поддржување на Обид за државен удар во 2016 година, заедно со укинувањето на ембаргото за оружје за Турција.

Анкара подоцна го ревидираше својот став за Хелсинки, посочувајќи дека генерално ги почитувала условите од меморандумот за антитероризам потпишан со Финска и Шведска. Турција се уште има сериозни поплаки против Шведска и вели дека Стокхолм сè уште не е подготвен да влезе во НАТО.

Спонзорирано: