3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Драма во Бордо: Запалена зградата на Градското собрание за време на протести ВИДЕО

Зградата на градското собрание во Бордо беше запалена вечерва за време на протестите што се одржуваат ширум Франција поради планираните реформи во пензискиот систем и зголемувањето на старосната граница за пензионирање.

Влезот на градското собрание во овој град на југозападот на Франција изгоре по цел ден протести и судири, јавува Би-Би-Си.
Засега не се знае кој е одговорен за пожарот кој пожарникарите брзо го изгаснаа.

На протести ширум земјата денеска излегоа повеќе од милион луѓе, а според податоците на МВР, во Париз се собраа речиси 120.000 демонстранти.

Полицијата фрли солзавец кон демонстрантите во главниот град, а 80 лица се уапсени низ Франција, јавува Би-би-си.

Протестите предизвикаа прекини во железничкиот сообраќај, како и во работата на рафинериите за нафта, а денеска со работа престанаа и наставниците и вработените на аеродромот Шарл де Гол.

Протести имаше и во Нант, Руан и Рен, јави Би-Би-Си.

Спонзорирано: