Силен земјотрес во 1 и 20 часот по македонско време ја стресе Грција.
Потресот кој првично беше над 5 степени од ЕМСЦ е корегиран дека бил 4.7 степени според рихтер на 10 километри од Амфилоха.
Ударот предизвика вознемиреност додека луѓето спиеја, па така многумина привремно излегоа на улиците, според сведоштвата на социјалните мрежи.