11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНА+СВЕТ

(ФОТО) Протест во Брисел против сирискиот диктатор Башар ал Асад и неговиот ментор Путин

Во срцето на Брисел, во непосредна близина на седиштето на Европската Унија, во петокот се одржа протест против сирискиот претседател Башар Ал Асад.

Демонстрантите протестираа против диктаторското владеење на сирискиот претсетател, кој со поддршка на Путин ги загрозува животите, човековите и демократските права на Сиријците, и со неколкугодишното владеење во Сирија донесе смрт, разурнување, бегалска криза и пустош.

На протестот можеа да се видат повеќе транспаренти со осуда на Ал Асад и неговиот ментор Путин, како и повеќе сириски и неколку украински знамиња. Демонстрантите извикуваа Башар диктатор, Слобода за Сирија, но и „Слава Украини“, како поддршка за Украина во борбата против целосната воена агресија на Путин.

Сирискиот претседател Башар ал Асад во средата беше во Москва, во рамките на својата прва официјална посета надвор од Блискиот Исток, каде се сретна со Путин за да ја повтори позицијата на Сирија во поддршката на Русија за нејзината целосна агресија врз Украина.

Драган Мишев
Фото: Драган Мишев / ЦивилМедиа
извор Civilmedia.mk

Спонзорирано: