Бројот на загинати во разорните земјотреси што минатиот месец ја погодија јужна Турција се искачи на 50.096, потврди Управата за вонредни ситуации (АФАД).
Претседателот на АФАД, Јунус Сезер (Јунус) изјави дека се повредени 107.204 лица.
Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ги погодија јужните делови на Турција на 6 февруари, со епицентар во Кахраманмарас.
Повеќе од 13,5 милиони луѓе во Турција беа погодени од разорните земјотреси, како и многу други во северна Сирија.