10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп се врати на Фејсбук по двегодишната забрана

Доналд Трамп се појави на Фејсбук за прв пат откако беше суспендиран пред две години поради поддршка на бунтовниците од Капитол.

„Се вратив“, напиша поранешниот американски претседател во објавата во петокот.

Неговата страница на Фејсбук со 34 милиони следбеници беше суспендирана набргу откако тој објави: „Ги молам сите во американскиот Капитол да останат смирени. Без насилство! Запомнете, ние сме партија на редот и законот – почитувајте го законот и нашите мажи и жени во сино. Ви благодарам”.

Трамп беше суспендиран од повеќето платформи на социјалните медиуми по немирите во Капитол на 6 јануари 2021 година.

Сега тој повторно ги има на располагање Инстаграм, Фејсбук, Твитер и Јутјуб и може да допре до милиони за време на неговата претседателска кампања.

Мета, кој е сопственик на Фејсбук, на 25 јануари објави дека на Трамп ќе му биде дозволено да се врати доколку игра според правилата,пренесуваат медиумите.

Спонзорирано: