13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Курти: Ќе се разговара за планот за имплементација, бидејќи нема готов текст

Премиерот на приштинските привремени институции Аљбин Курти денеска, пред разговорите со претставниците на ЕУ, изјави дека во Охрид ќе се разговара за планот за имплементација на договорот „бидејќи нема готов текст“.

„Се додека нема готов текст, не може да има заклучок на разговорот, а додека не дојде до заклучок на разговорот, не може да има ни договор. Јас сум тука за принципиелен, отворен, сериозен дијалог кој треба да резултира во договор, а договор значи конечен и договорен текст. Не дојдов на разговори за разговори, туку на разговори за договори“, рече Курти, пренесе „Репортери“.

Пред средбата со високиот претставник на ЕУ и со пратеникот за дијалог Мирослав Лајчак, Курти истакна дека освен како оптимист, дошол „со добра намера и волја“.

Спонзорирано: