15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Вучиќ: Како што гледаме, Србија сочинува повеќе од 50 отсто од економијата на Западен Балкан

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги повика граѓаните на неговата земја да му веруваат на државниот врв и порача дека ќе се потруди да го зачува мирот и дека одат кон нормализација заштитувајќи ги виталните државни и национални интереси.

„Не мора утре да гласаат за мене, само барам од нив да веруваат во посветеноста, мудроста, сериозноста и патриотизмот на нивното национално лидерство. Знам што правам, знам што правиме. Немаме други гаранции, некој мора да преговара. И никогаш нема да признам ништо тајно. Знам што не смееме да изгубиме, а знам што треба да зачуваме“, изјави Вучиќ.

Тој рече дека денес на Србија ѝ отпаѓа повеќе од 50 отсто од економијата на Западен Балкан.

„До пред неколку години Србија беше само 39-40 отсто од вкупната економија на Западен Балкан. Денес, Србија е Србија. Како што гледаме, повеќе од 50 отсто од економијата на Западен Балкан“, вели претседателот на Србија.

Тој праша дали некој сака „да влезе во војна со НАТО“.

„Со растот на српската економија тоа е она што можеме да го направиме за да соработуваме со сите и тоа е она во што можеме да победиме“, рече тој.

„Мораме да ја донесеме нашата мала земја, овој наш мал брод, на мирно пристаниште, притоа да го заштитиме тој брод, нашите национални интереси во метафорична смисла. Ќе има многу работи што ќе ги направиме ако Албанците прифатат да формираат заедница на српски општини, а мислам дека нема, ќе има работи што не се едноставни за нас. И нема да кријам ништо од тие работи од луѓето. Но, резултатот на крајот ќе биде добар за нашата земја“, рече Вучиќ.

Тој ги коментира шпекулациите дека ќе ја остави српската премиерка Ана Брнабиќ да потпише евентуален договор со Приштина.

„Кога ќе слушнете такво нешто од некого, слободно кажете му во лице дека е лажго“, рече Вучиќ.

„И Србија се држи до својата политика. Да, Србија е на европскиот пат, не може лесно да опстане ако не е на европскиот пат. Но, ние не се согласуваме за сè, не мора ни да се согласуваме“, рече Вучиќ.

Спонзорирано: