23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Вила со базен виси на карпа, луксузни куќи пред пропаст – невремето во Калифорнија проголта богата населба

Калифорнија беше погодена од лизгање на земјиштето по страшното невреме и обилните дождови, а особено загрижувачки слики доаѓаат од Сан Клементе – населба што беше евакуирана.

Инаку, ова одморалиште е едно од најлуксузните во цела Калифорнија.

Снимка направена со дрон открила голем дел од двор што бил однесен од лизгањето на земјиштето, а расфрлани се градинарски мебел и саксии. На снимките се гледа и базен, кој речиси исчезнува при одронот.

Западниот брег деновиве е зафатен од дождови по две децении суша предизвикувајќи хаос на патиштата и загрозувајќи ги домовите по должината на брегот во округот Оринџ во Јужна Калифорнија.

Иако дождот конечно се расчисти во областа, синоптичарите предупредија дека следната недела може да пристигне уште едно невреме.

Спонзорирано: