12.8 C
Скопје
29. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Смртна казна за абортус во Јужна Каролина, предложен закон за жените што ќе ја прекинат бременоста

Законодавците во американската сојузна држава Јужна Каролина размислуваат да усвојат закон со кој абортусот се казнува со смрт.

Дваесетина членови на законодавниот дом на Јужна Каролина поднесоа заеднички предлог-закон со кој оплодените јајце клетки ќе се дефинираат како „личности“.

Според ова, нероденото дете кое е жртва на убиство би ја имало истата заштита пред законот како и другите.

Според истиот предлог, минималната казна за жените кои ќе абортираат би била 30 години затвор, а максималната – смрт.

Сепак, предвидени се некои исклучоци, вклучително и жени кои „извршиле абортус поради смртна опасност или голема телесна повреда“.

Ослободени би биле и жените кои „случајно или ненамерно би го изгубиле своето неродено дете за време на процедури за спасување живот, под услов да се преземат сите разумни алтернативи за да се спаси животот на нероденото дете“.

Во моментов, на жените во Јужна Каролина им е дозволено да абортираат најдоцна во рок од 21 недела и шест дена од бременоста.