19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русија ги одликува пилотите кои го соборија американскиот дрон над Црното Море

Државната руска новинска агенција РИА објави дека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу им доделил државни награди на пилотите на авионот Су-27 што удри во американско беспилотно летало над Црното Море.

Наградата ја добија затоа што „спречија кршење на границите во областа на специјалната операција“.

Американската војска во вторникот објави дека руски борбен авион го погодил пропелерот на шпионскиот дрон кој потоа се урна во Црното Море. Русија тврдеше дека тоа не е точно и дека авионот паднал поради „остри маневри“.

Стејт департментот го повика рускиот амбасадор Анатолиј Антонов за да ја изрази американската загриженост за инцидентот, прв од ваков вид од почетокот на војната во Украина пред повеќе од една година. Кремљ вчера објави дека по тој инцидент односите со САД се на најниска точка.

Спонзорирано: