Во Мексико е уапсено 14-годишно момче со прекар Ел Чапито, осомничено за убиство на осум лица во Мексико Сити, соопшти мексиканскиот сојузен оддел за јавна безбедност. Момчето, кое е дел од наркобанда, убиствата ги извршило во јануари.
Се сомневаат дека момчето со мотор дошло во Чималхуакан, сиромашно предградие на Мексико Сити, каде што убил осум члена на едно семејство. Во врска со тие убиства, покрај 14-годишникот, уапсен е и еден маж.
Седум члена на бандата во која припаѓало момчето се уапсени под обвинение дека продавале дрога.
Семејството во кое пукало момчето одржувало роденденска забава дома за време на нападот. Освен што убил осум лица, момчето повредило и седум лица, меѓу кои и две деца.
Името на момчето не е објавено, но неговиот прекар Ел Чапито е поврзување со прекарот на затворениот наркобос Хоакин Гузман, Ел Чапо.
Мотивот за убиствата не е објавен. Наркобандите во Мексико често се занимаваат со киднапирања и нарачани убиства, но убиваат и ривали што продаваат дрога на нивна територија.