4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Експлозија во Загреб, оштетена куќа и два автомобила

Два автомобили и предниот дел од една куќа се оштетени во експлозија во областа Дубрава во Загреб, нема повредени, соопшти полицијата.

Експлозијата, како што соопшти загрепската полиција, се случила синоќа, околу еден часот по полноќ, кога на улицата Пољане била оштетена фасада на куќа и два паркирани автомобили.

„Оштетувањето најверојатно е од дејство на експлозивна направа. Повредени нема“, велат накратко од загрепската полиција.

Повеќе детали ќе бидат познати по истрагата која е во тек.