10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Американците објавија видео од инцидентот над Црното Море: „Еве како руски ловец собори дрон“

Европската команда на американската армија објави снимка од сударот меѓу американскиот дрон за набљудување и руските борбени авиони над Црното Море

Американската војска објави снимка од руски борбен авион, кој соборува американско беспилотно летало над Црното Море. Видеото покажува критични моменти во застојот во воздухот за кој Пентагон соопшти дека траел 30-40 минути.

Над Црното Море во вторникот дојде до судир на американски дрон и руски борбен авион. Меѓутоа, Русите негираат дека дошло до судир и тврдат дека леталото „се срушило поради остар маневар“.

Спонзорирано: